Македонија

(Видео) Потресни сцени од пожарите и евакуацијата на жители на село Немањици

Пожарите во државава не стивнуваат, а во моментов најкритично е во селото Немањици во општина Свети Николе. Пожарникарите, полицијата, заедно со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов влегоа во куќите кои беа зафатени од пожар на ова место обидувајќи се на терен да ги евакуираат жителите и да проверат дали некој останал во семејните објекти, бидејќи дел од луѓето не сакале да ги напуштат своите домови во ова место.

Ветерот кој дува на ова место ја отежнува состојбата и ја прави уште поопасна.

На видеото се гледа евакуација на луѓе, а меѓу нив и расплакано дете кое го напушта домот и заминуава со возило заедно со екипите кои ги гаснат пожарите и ги евакуираа лицата на безбедно.

„Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу. Од страна на пожарникарите се проверуваа и дел од куќите загрозени од пожарот за да се види случајно некој да не останал внатре. На жителите им беше тешко да ги напуштат домовите“, велат од Центарот за управување со кризи од каде заедно со Ангелов постајано се на терен.

На почеток