ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој проверува што ќе каже Кузевска, или чита што ќе и дојде под рака?
ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение предупреди, Кузеска и СДСM да внимаваат што зборуваат, да не треба пак да се извинуваат.
Ова доаѓа по прес-конференцијата на СДСМ и барањата Мицкоски да ги објави наводите за дестабилизација на државата.
,,Кузеска и СДС да внимаваат што зборуваат на прес конференции, да не треба после пак да се извинуваат, кој ќе им го гледа срамот. Дали некој во СДС проверува што ќе каже Кузеска или чита што и дојде под рака? За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ја разбираме нервозата во СДС затоа што слични инциденти имало и во минатото кога тие биле власт, но тогаш се заташкувале и се молчело, за разлика од сега, кога им акција и одговорност за секого. Има разлика. Државата е управувана од луѓе кои работат за подобра иднина на народот, за разлика од СДС и ДУИ кои работеа за себе”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.