Скопје

(Видео) Контролорот-заканувач од ЈСП ќе си помине неказнет: директорот ја знае снимката и сите детали, ама нема да постапува оти нема пријава од патник

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска, нема намера да го најде неговиот вратен контролор кој се закануваше дека ќе тепа патничка. Кушовски доби точно време, место и линија каде се случи настанот, но тоа на нему не му е доволно за санкционирање и превенција од идни вакви случувања.

„Во однос на прашањата поврзани со заканите на контролорот кон патничка, ако се однесуваат и се повикувате на видео материјалот кој излезе на социјалните мрежи, ве известуваме дека Јавното сообраќајно препријатие како општествено-одговорно претпријатие постапува само по добиена пријава на граѓанин, патник (корисник на услугите на ЈСП Скопје). До овој момент, сеуште немаме добиено пријава за упатена закана или било каква злоупотреба на работната позиција за некој вработен во препријатието“, велат од ЈСП во име на Кушовски.

Од настанот поминаа десет дена. Од снимката се слуша како контролор упатува закани кон патничка, притоа е арогантен и безобразен.

Патниците скоро секој ден имаат низа поплаки од ЈСП. Автобусите неретко се расипуваат, а скоро постојано и доцнат.

“Ваква е сликата во ЈСП. Утрово се качив во Центарот, хигиената беше 0. Ова е во автобус со број 2, на 24.08 во 07:25 минути наутро”, вели читател за “Скопје1”.

На почеток