(Видео) Се запали автобус на ЈСП на раскрсницата кај „Веро Џамбо“


Повторно се запали автобус на ЈСП, овојпат, на раскрсницата кај „Веро Џамбо“. Возачот веднаш истрча и со апарат за противпожарна заштита го гаснеше пожарот. Чадот доаѓал од делот на моторот, а навремената реакција од вработениот во ЈСП, спречи поголема катастрофа.
Секојдневие по скопските улици стана да се гледаат расипаните автобуси. Речиси да нема ден, а да нема автобус кој со сервисна служба се шлепа до базите во Ѓорче и Автокоманда. Ова не е ниту прв автобус кој се запалил. Претходно вакви сцени имаше во Бутел, како и под Железничка. Голема несреќа можеше да се случи на Партизански одреди, кога од автобус излета гума.
Скандал го тресеше ЈСП кога контролор се закануваше на патничка.
Проблемите се куп, решение нема од градската мајка, Данела Арсовска и нејзиниот директор Драги Кушевски.
Меѓу последните случаи е и кога автобус остана без гума во Кисела Вода.
„Скопје1“ и утринава постави прашања до директорот на Арсовска, од кого побаравме одговор, дали е свесен дека со пуштање на неисправни автобуси во сообраќај, може да дојде до сериозна несреќа, како и дали ќе сноси одговорност. Одговор до сега – нема.
