Македонија

Нова тура критики од Најчевска за министерката за образование: Во примитивна држава, министерката измислува тркало

Не престануваат критиките од профсорката Мирјана Најчевска кон професорката и министерка за образование, Весна Јанева. Според Најчевска, погрешно е да се стимулира вработување на дефектолози, кои се ангажирани само за едно дете. Ова доаѓа откако МОН испрати информација дека над илјада образовни асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на лицата со попреченост.

„Ова е сосема погрешен пристап кој стимулира вработување на дефектолози кои се ангажирани само за едно дете.

Треба вработување на 18000 воспитувачи и во секое одделение да има еден наставник и еден воспитувач кој ќе помага на секое дете кое има потреба.

Секое дете во некој момент или за некоја област или во некои ситуации е дете со попреченост на кое му треба посебно внимание и поддршка. Било да станува збор за учење, за проблеми со концентрација, хиперактивност или повлеченост, за проблеми со соучениците, за воспитни проблеми кои ги носи од семејството, за подложност на булинг или склоност кон булинг, …
Така се прави во светот.
А во примитивна и заостаната држава како Македонија министерката измислува тркало или ја открива топлата вода“, напиша Најчевска.

На почеток