Во Венецуела 80 тинејџери ослободени од затвор: Биле уапсени поради протести
Повеќе од 80 тинејџери беа ослободени од затвор во текот на викендот во Венецуела, откако беа уапсени на антивладините протести по спорните претседателски избори во Венецуела кон крајот на јули, соопшти организацијата за заштита на правата.
Изборниот совет и Врховниот суд на Венецуела го прогласија претседателот Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на изборите на 28 јули, но не ги објави целосните резултати од гласањето. Венецуелската опозиција објави свои резултати кои покажуваат убедлива победа на нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес.
Околу 27 лица загинаа во постизборните протести, а други 2.400 беа уапсени.
Алфредо Ромеро, претседател на невладината организација за човекови права Форо Пенал, во неделата на Х напиша дека 86 тинејџери уапсени за време на протестите биле ослободени од затвор во последните денови.
Венецуелските власти не одговорија на барањето за коментар.