Свет

13-годишна ученичка од основно училиште во Чешка нападналa двајца ученици со нож

13-годишна ученичка од основно училиште во градот Домажлице на југот на Чешка денеска со нож нападнала и ранила двајца ученици во нејзиното училиште, а полицијата брзо интервенирала и jа привела осомничената.

Според информациите, нападнатите момче и девојче се надвор од животна опасност, пренесува порталот Novinki.cz.

„Таа избоде девојка и момче со нож. За среќа, повредите не се премногу сериозни“, вели анонимен упатен извор за чешкиот портал.

Извори наведуваат дека нападот се случил утринава пред почетокот на наставата кога осомничената тинејџерка неочекувано влетлала во одделението со нож, при што момчето било прободено во стомакот, а девојчето во грбот.

Станува збор за деца со кои осомниченото девојче претходно одело во седмо одделение во основно училиште. Осомничената поради слабите резултати била принудена да го повтори седмото одделение, додава една од основците во Домажлице.

Засега не е јасно кој бил мотивот за овој напад.

„Причината може да биде ментална болест, влијанието на семејството и социјалните мрежи, можам да замислам и дека е шизофренија“, изјавила заменик директорката на Психијатриската болница во Добржани, Каролина Мала, пренесува порталот idnes.cz.

На почеток