Свет

(Видео) Се шири снимка од руско училиште, девојче го „кодоши“ директорот, Путин му постави само едно прашање…

Снимката од рускиот претседател Владимир Путин, која е снимена додека бил во посета на училиште во Тува, Русија, брзо стана вирална на социјалните мрежи откако ја сподели поранешниот советник на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.

На видеото се гледа Путин во училиштето како разговара со вработените и учениците.

Но, она што стана вирално се однесува на моментот кога Путин разговара со мало девојче, прашувајќи го колку е далеку нејзиното училиште од нејзиниот дом.

„Доста далеку“, одговара таа, „два километри“.

Во тој момент на снимката се гледа како директорот на училиштето во целосна паника се обидува со движења на главата да му даде знак на девојчето да не каже колку живее од училиштето.

Кога девојчето му одговорило на Путин, веднаш бил повикан директорот на училиштето да пријави.

„Како ќе стигнат децата на училиште“, ладнокрвно го прашува Путин.

Директорот му одговара дека ќе организира автобуси и минибуси, а потоа почнува да мрмори под него и разговорот веќе не се слуша.

Корисниците на социјалните мрежи особено го забележале изразот на лицето на директорот на училиштето кога сфатил дека Путин ќе биде разочаран од одговорот на девојчето.

На почеток