Македонија

Формиран Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија

Совет за културна интеракција меѓу Бугарија и Македонија е формиран синоќа во Софија на Бугарско-македонска културна средба организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина”.

Како што соопшти Бугарско-македонскиот бизнис-клуб, на средбата е усвоена и Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.

На состанокот учествувале истакнати личности од културата од двете држави, кои разговрале за  културните врски и ги споделиле своите препораки и идеи за развој и зајакнување.

За време на средбата била отворена изложба на групата „PRINTNEST” – на творци од Софија и Охрид: Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Била претставена и книгата „Паника во музејот“ на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборник и две цедиња од „Бугарски народни песни од Македонија” собрани од Коста Црнушанов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток