Македонија

Мицкоски: Додека сум јас премиер, нема недопирливи – вклучително и за мене

Десетици предистраги водат истражните органи за кои наскоро ќе има разрешница одговара премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали започнала Владата да прави финансиски истраги на претходно раководство, вклулително и за функционерите од ДУИ кои велат дека се недопирливи.

„Да, се водат предистражни постапки за неколку 10-тици случаи. Се извинува што за овие 80 дена не успеавме да ги завршиме предистражните постапки, истрагите и.т.н. Но, се надевам декаво периодот што следи јавноста ќе биде сведок на многу завршени случаи“ вели Мицкоски.

Додека сум јас премиер, нема недопирливи – вклучително и јас самиот, рече премиерот.

„Пред граѓаните мора да сме отчетни, мора да поднесеме отчет за сето она што сме го правеле. Тука никој не треба д аима дилема. Секој оној кој се огрешил пред законот ќе одговара. Јас не сум од оние политичари кои велат дека ќе стави бројчаник на Триумфалната капија а потоа од бројчаникот нема ниту „б“. Па да најавувам спектакли, па да ангажирам полициски специјални единици, да растревожувам семејства… Не го правам тоа, ниту ќе го правам. Естрада од оваа работа нема да има, тоа треба на сите да им е јасно“ вели Мицкоски.

Следете го во ЖИВО Претресот на премиерот Христијан Мицкоски и поставувувајте прашања на јутуб каналот на prvatvmk:

На почеток