(Видео) Се зголемува бројот на жртвите од тајфунот Јаги: Најмалку 233 загинати
Бројот на загинати од тајфунот Јаги во Виетнам е 233, објавија утринава локалните медиуми.
Екипите за итни случаи извлекоа 48 тела од областа Ланг Ну, мало село во северната провинција Лао Каи, кое исчезна во поплавите во вторникот.
Уште 39 лица се водат како исчезнати, пренесува АП.
Низ Виетнам, 103 лица се уште се водат како исчезнати, а повеќе од 800 се повредени.
Јаги беше најсилниот тајфун што го погоди Виетнам во последните децении.
Тајфунот падна на копно минатата сабота со ветрови до 149 километри на час. Иако до неделата ослабе, врнежите продолжија, а нивото на реките се уште е опасно високо.
Dramatic videos as #TyphoonYagi Devastates Northern #Vietnam
199 people dead, 128 missing, 807 injured in typhoon, floods & landslides in northern Vietnam (as of 12:30, Sept 1).
Water is receding in Hanoi today.
Foreign assistance is starting to come from Japan, Australia,… pic.twitter.com/Avr5rlIFi0
— Indo-Pacific News – Geo-Politics & Defense (@IndoPac_Info) September 12, 2024
This breaks my heart 💔💔
Pray For Vietnam
More than 179 lives has been lost after the storm Yagi and the flooding of the Red river#stormyagi #vietnam pic.twitter.com/e3g11F3AYk— Yohan De Silva (@Gomayoha) September 12, 2024