Македонија

Палчо се бранеше: Мотивот е погрешен, вештачки – има ДНК од тројцата обвинети, а од мене немаше

„Оваа обвинителка постапува по политичко барање“. Вака Љупчо Палевски-Палчо ја започна својата одбрана пред судот. Тој рече дека не го познава Александар Ѓорчевски, татко на Вања, со кого, според Обвинителството, имале контакт. Се жалеше оти го сликале камери пред судот, а посочи дека не можело да даде одбрана оти немал докази. Во стартот се жалеше оти сите викале дека тој бил избеган, а патувал со легална патна исправа.

„Бев на понижувачки начин овде донесен, со калашникови, тоа е кривично дело на Обвинителството и судијата Душан Јосифов. Можев да паднам, имам проблеми со кичмата“, рече Палевски-Палчо и додаде: „Не може да ме убеди никој дека нема никој намера за политичко мотнирање, бидејќи на 20 мај, мојата ДНК е ставена и нема совпаѓање“.

Според него, обвинет во постапката сака да избегне доживотен затвор за злосторот, па направена е конструкција. Па кажа дека Обвинителството давало податоци на медиумите, како и дел од доказите.

„Лицемерно лие крокодилски слози за мајката од Обвинителството, бара да се заштити, а даваше информации и слики направени во Обвинителството. Прават конструкција дека јас сум се знаел со таткото Ѓорчевски, а со нивните докази тоа се негира“, додаде Палевски-Палчо.

Палевски вели: „Мотивот е погрешен, вештачки, затоа Александар е колатерал-штета во целава оваа постапка, бидејќи очајно се трудат.. Посочувањето на Александар го споменува на еден од обвинетите кои се повикува ‘Ми потврдија инспекторите, постои потврдена врска меѓу Палчо и Александар’. Тоа е на 6-ти декември, оттогаш до сега, не е потврдено ова. Ниту еден од обвинетите не е прашан каде било планирано да се чува детето, нема ниту обид некој да бара пари од Ѓорчевска, а дупката е претходно ископана. Ова е класично промашување. Детето е грабнато за да биде убиено, а не да се бара материјална корист. Не да се нема контакт, туку мајката немала ни да даде“.

„Обвинителство не говори вистина. Ерол Османи, еден од сведоците на обвинителството, никој не знаеше дека сум бил кај него да му го поправам… Него го кријат од списите. И анализата на Мобимак за анализа за движење во критичниот ден, го барав барем трипати. А она што тврди дека она е доказ е обична расписка помеѓу Мобимак и Обвинителството. Нема содржина од вештачење. И на сето тоа да го тврдиш ова, да говориш дека не знаеш каде е Ерол Османи.. Никој освен мене не знаеше дека му го поправам котелот..Затоа нема траги во комбето. Не спорам дека Обвинителството сработило масовна работа, но во толкувањето и употребата на тие докази се гледа чисто политичка монтирана судска постапка, каде судот, ве ставаат пред свршен чин. Ви даваат материјални докази кои се моја корист, а во обвинетието го тврдат сосема другото. Не можам јас да ја извадам мојата ДНК, а да ја оставам на другите тројца, немам натприродни моќи“, додаде Палевски.

Според него, тој не бегал.

„Ако ме фатило паника ќе бирав други начини да бегам, а не да ме знаат каде сум со легална патна исправа. Во оваа постапка не случајно се бараше да се исклучи јавноста. Лицемерие е дека таа е повредена, таа повеќе од било кој сака да ја знае вистината“, додаде Палевски.

Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.

14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

На почеток