Свет

(Видео) Огромна огнена топка над друг руски град, евакуацијата на населението, откриено е што уништиле Украинците

Беспилотни летала го нападнаа селото Тихорецк во руската област Краснодарски крај. Жителите известуваат дека нападот бил насочен кон складиште за муниција, пренесува News Ukraine.

Нападот со беспилотни летала го потврди и регионалниот гувернер, кој рече дека два дрона биле пресретнати од силите за воздушна одбрана, но остатоците од еден од дронови предизвикале пожар кој се проширил на експлозивни материјали, што резултирало со детонација. Наводно во тој магацин се чува севернокорејско оружје.

https://x.com/Gerashchenko_en/status/1837379152292315390?ref_src=twsrc%5Etfw

Во тек е привремена евакуација на населението во блиските населени места, а ќе се формира и центар за привремено сместување.

Според првичните информации, нема жртви.

Телеграмскиот канал АСТРА известува дека нападот бил насочен кон складиште за муниција во селото Камени во областа Тихорецки.

На почеток