Македонија

Апасиев во Собрание: Крвта со памукче ќе ви ја пиеме

Говорот на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа. Левица посочува дека Апасиев рекол и: „За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме“

„Колешке богаташке Дафина, за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не. Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж’та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!

Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на ‘фајт’. ‘Мастермајндот’ на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што забрани на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.

Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО.”

На почеток