Скопје

Детали од МВР за пожарот во зградата во Чаир: избувнал среде ноќ, станари се симнувале преку кров

На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје.

Поради вдишување на чад, во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле повеќе лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник.

Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток