Македонија

(Видео) Ексклузивно за Претрес еден од осомничените за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски: Со моќта на Љубе и Оливер таткото врши притисоци

Пред да се предаде на правосудните органи, Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски, седна пред камерата и даде ексклузивно интервју за Претрес со Ландов.

„Не сме имале проблеми, никогаш не сум работел со хероин, а ни Самоил. Немало должничко-доверителски односи“, вели Трпковски.

Денот кога Самоил бил грабнат имал секојдневни семејни обврски.

„Со моќта на Љубе Бошкоски и на Оливер Спасовски татко му вршеше притисок и мене да ме вметнат во случајот. Имаше притисоци од таткото на Самоил кој седеше пред куќи со оружје. Љубе и Оливер му даваа одврзани раце“, рече за Претрес, Александар Трпковски.

12 години таткото лежел во затвор за бизнис со хероин. Работата излезе од контрола, вели Трпковски и таткото сака повеќе луѓе да инволвира. Не знае каде е Самоил.

И обвинителството тврди имало притисоци.

Во емисијата го поканивме и таткото на Самоил, но тој не одговори на нашите телефонски повици и пораки.

На почеток