Свет

„Колку сте уверени дека нема да има војна?“, Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Американскиот претседател Џо Бајден утринава изјави дека не верува дека ќе има „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, регион на работ поради израелски напади во Газа и Либан и ескалација на тензиите од страна на Израел со Иран, и дека таква војната може да се избегне, но треба да се направи повеќе за да се обезбеди тоа.

На прашањето од новинарите колку е уверен дека таква војна може да се избегне, Бајден застана и одговори: „Колку сте сигурни дека нема да врне? Видете, не верувам дека ќе има сеопфатна војна. Мислам можеме да го избегнеме тоа, но имаме уште многу да направиме“.

Тој одговори и дали ќе испрати американски сили да му помогнат на Израел: „Веќе му помогнавме на Израел. Ќе го заштитиме Израел“.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа додека Израел ги разгледуваше опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран врз Израел во вторникот. Иран го изврши нападот како одговор на воената акција на Израел во Либан, односно како одмазда за смртта на шефот на Хезболах Хасан Насрала.

На почеток