Свет

Авион принудно слета поради чудна миризба во кабината, стјуардеса префрлена во болница: веднаш е започната истрага во Австралија

Стјуардеса на австралискиот превозник Qantas била итно пренесена во болница откако „необичен мирис“ довел до неочекувано пренасочување на летот во средата.

Авионот Боинг 737 бил во воздух повеќе од два часа пред да слета на пистата на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј, нешто по 21 часот, покажуваат податоците објавени на веб-страницата Flight Aware.

Компанијата „Квантас“, која е национална авиокомпанија на Австралија, на Fox Business му одговорила дека чудна миризба во авионот предизвикала пренасочување на летот.

„Летот од Сиднеј до Велингтон се врати во Сиднеј откако беа примени извештаи за необичен мирис во кабината“, рече портпаролот.

„Авионот безбедно слета и ќе биде прегледан од инженери пред да се врати во употреба“.

Портпаролот додаде дека стјуардесата била пренесена во болница на лекарски преглед, но не ги открила нејзините симптоми или здравствената состојба. Патниците и пилотите не биле загрозени.

Наводно, немало чад во кабината и пренасочувањето не било третирано како итно слетување.

Претставникот на компанијата додаде дека „Квантас“ работи на обезбедување сместување и алтернативи на патниците кои беа погодени од пренасочувањето.

„На патниците ќе им биде обезбедено сместување и ќе бидат пренасочени на следниот достапен лет“, се вели во соопштението.

„Се извинуваме што им го прекинавме патувањето и им благодариме за разбирањето“.

„Квантас“ активно го истражува инцидентот. Засега нема дополнителни информации.

На почеток