Свет

Австралија воведува ригорозни закони: Децата да останат без социјални мрежи и да се оддалечат од своите уреди

avstralija

Австралија планира да воведе нови закони до крајот на годината што ќе им оневозможат на децата да ги користат социјалните мрежи поради ризиците што тие ги претставуваат за нивното физичко и ментално здравје, изјави во вторник премиерот Ентони Албанес.

Премиерот Албанезе најави дека неговата влада од левиот центар ќе воведе пробен период во текот на следните неколку месеци што ќе бара од корисниците на социјалните мрежи да ја потврдат својата возраст.

„Сакам децата и младите да се оддалечат од своите уреди. Сакам да ги гледам на фудбалски терен, базен или тениско игралиште. Сакам да имаат вистински искуства со вистински луѓе бидејќи знаеме колкава штета можат да направат социјалните мрежи “, изјави Албанес за националната телевизија.

Премиерот не беше баш прецизен за старосната граница под која нема да се дозволи користење на социјалните мрежи, но рече дека тоа ќе биде меѓу 14 и 16 години.

Дополнително, тој нагласи дека е загрижен за ефектите кои сајбер-малтретирањето ги има врз менталното здравје на децата, како и за лесната достапност на содржините на социјалните мрежи кои ги смета за штетни.

Досега, неколку земји се обидоа да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи, но правните предизвици и технологијата, како што се приватните мрежи кои ја прикриваат локацијата, се покажаа како најголеми пречки во овој потфат.

„Ова е глобален проблем со кој се соочуваат владите ширум светот. Знаеме дека не е едноставно или лесно, инаку владите веќе би реагирале и би направиле нешто околу тоа“, рече Албанезе.

На почеток