(Видео) Масовен напад на неколку руски региони, на удар и Москва: тврдат дека има повеќе мртви и повредени, затворени аеродроми!
Украина започна масовен напад со беспилотни летала на неколку руски региони, вклучувајќи ги Брјанск, Москва, Тула, Калуга, Белгород, Курск, Орел, Воронеж, како и регионот Краснодарски крај. Нападот се случил во текот на ноќта на 10 септември, пишува Kyiv Independent.
Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека во нападот загинала една жена (46), а во нападот со дрон во градот Раменское, 46 километри југоисточно од Москва, биле повредени уште тројца цивили. Наводно е убиено и деветгодишно момче.
‼️🇷🇺 Terrible destruction in a multi-story building in Ramenskoye
Credit:https://t.co/4JkfwmvEp3 https://t.co/fmCWxPZS4k pic.twitter.com/L6Bl7XrlBc
— Gitmo_guy12 🇺🇸🇮🇷🇷🇺☦️ (@DownloadMaga) September 10, 2024
Украина се уште не го коментираше нападот.
Локалните жители објавија видеа од експлозии над Брјанската област на социјалните мрежи, а гувернерот Александар Богомаз рече дека воздушната одбрана соборила 59 украински беспилотни летала. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така, потврди дека во текот на ноќта над московскиот регион биле соборени повеќе од десет дронови.