Свет

Ким Џонг-ун се закани со нуклеарно оружје во случај на провокација

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде загрозен суверенитетот на неговата земја, објавија државните медиуми.

Во тој случај, севернокорејската војска „без двоумење би ги искористила сите офанзивни сили што ги има, вклучително и нуклеарно оружје“, рече Ким за време на посетата на воената база за обука, пренесува новинската агенција КЦНА.

„Доколку се појави таква ситуација, продолжувањето на опстанокот на Сеул и Република Кореја нема да биде возможно“, рече Ким Џонг-ун, користејќи го официјалното име за Јужна Кореја.

Во вторникот, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол ја предупреди Северна Кореја дека секој обид за употреба на нуклеарно оружје ќе наиде на цврст и силен одговор од Јужна Кореја и нејзините американски сојузници.

На почеток