Скопје

(Видео) Лаат и трчаат по и пред автомобили: глутница кучиња кај Железничка, граѓаните со поплаки

Скопјани се жалат дека глутници улични кучиња шетаат низ главниот град, лаат и трчаат по и пред автомобили. Снимени се кај новата Железничка станица. Двајца различни читатели на „Скопје1“ испратија снимки од кои се гледа однесувањето на уличните кучиња

ЈП Лајка е задолжена за решавање на проблемите со уличните кучиња. Познато е дека тие имаат проблем со финансиите, како и дека собираат донации за да можат да ги третираат. Ова претпријатие е под надлежност на Град Скопје, однсоно градоначалничката Данела Арсовска.

Скопјани неретко кажуваат дека се плашат кога ќе видат глутница кучиња. Посочуваат дека не се чувствуваат сигурни. Наспроти ова, има и граѓани кои ги сожалуваат и кажуваат дека тие се ненахранети и провоцирани да нападнат. Во дневните билтени на МВР постојано има пријави за лица каснати од напуштено куче.

На почеток