Македонија

(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Вилма Русковска! 27 април, Рекет, Империја, Мијалков и Камчев, спогодби, бегства…

За првпат во студио ќе претресеме обвинителка, и тоа не било која, туку Вилма Русковска. За нејзиното име се врзуваат многу предмети, но и многу обвинувања. Многу очи се вперени кон нејзиното постапување, пред неславно да ја заврши кариерата – со разрешување.

Од Рекет, 27 април, разговорот со Сашо Мијалков (неговите спогодба и бегство кое не е бегство), до обидот да го спакува директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми, Меѓународен сојуз, претресите кои таа ги правела, но и спогодбите кои ги склучувала…

Што и зема политиката и кој политичар и наштети, до ацкијата во Грчец и одговорот на прашањето: како на неа и протекоа информациите?! Како избега Груевски?! За протечените документи од Обвинителството, но и цели разговори во „Ла верита“.. Нема да заборавиме да ја прашаме и за Фехми Стафа, Орце Камчев, нејзиниот внук кој е обвинител, снимката на која се смее а зборува за истрага.. За империјата од „Империја“ со која се спогоди.

Ова е само дел, следете „Претрес со Ландов“ во живо:

На почеток