Македонија

Со „бмв“ прегазена жена, со тешки повреди пренесена во Клиничка болница Тетово

Вчера околу 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Волковија, во село Брвеница, тетовско, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ф.(62) од с.Челопек, удрило во пешакот К.Ј.(68) од с.Брвеница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На почеток