Македонија

(Фото) Се огласи Мијалков со пиштол и кама

Ексдиректорот на УБК, на кого му се суди и за масовното прислушување во Македонија, а е осуден во случајот „Империја“, притоа исклучен од партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно честиташе празник, овојпат Денот на македонската револуционерна борба.

„Македонија раѓала и ќе раѓа херои. Нивните идеали за слободна, независна и просперитетна Македонија живееле и ќе живеат пренесувајќи се од генерација на генерација. Нивните идеали се и ќе останат темел на четирите свети букви ВМРО. ВМРО е Македонија – Македонија е ВМРО. Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба ! Нека е вечна организацијата ! Нека е вечна и благословена Македонија“, напиша тој на „Фејсбук“.

Screenshot

На почеток