Македонија

(Фото) Се огласи Мијалков по скоро една година

По пауза со статуси од една година, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, се огласи на социјалната мрежа “Фејсбук”. Без збор за времето поминато во затворот во Струга, коментарите дека таму не поминал ниту ден, купувањето на становите кои му ги заплени државата. Тој низ три пасуси, го честиташе Бајрам.

“ Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите. Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски. Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план”, напиша Мијалков.

Во поткастот “Претрес со Ландов”, ексминистерката Гордана Јанкулоска одговараше на прашања поврзани со него. Меѓудругото, се дозна дека тој не и се извинил иако по прислушуваните разговори таа трпеше низа реперкусии. Таа кажа дека прислушувањето доаѓа од УБК, а периодот е токму кога Мијалков раководеше со институцијата.

Интересно е што последната објава на Мијалков е од минатата година кога честитал 2-ри август. Нема објава за велигденските празници кои поминаа.

На почеток