Свет

Аеродромот во Сараево е евакуиран, соопштено е дека е поставена бомба

Поради анонимна дојава дека на Меѓународниот аеродром во Сараево била поставена експлозивна направа, патниците биле евакуирани, пренесува Кликс. Во тек е увид на пиротехничарите кој ќе трае неколку часа.

„По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи во просториите на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се врши детален интервентен преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции, обезбедена е целосна безбедност на сите патници и на вработените на аеродромот.

Ги молиме граѓаните за разбирање и ви благодариме за трпението. Меѓународниот аеродром во Сараево ќе продолжи да ја следи ситуацијата и навремено ќе ги пренесеме сите дополнителни информации“, соопштија од аеродромот.

Покрај аеродромот, дојава за бомба добиле и три средни училишта во Сараево, потврдија за Кликс. Евакуирани се и училиштата.

На почеток