Скопје

Коментари за ЈСП: „Вие пуштете автобуси па после фалете се со новитетите, никогаш не би ви платила за ваков безобразлук каков што гледам“

ЈСП промовираше нов начин на плаќање, а граѓаните во коментари упатија низа критики за нередовниот автобуски превоз, непочитувањето на возниот ред, но и за нефункционирање на апликацијата. Апликацијата „Скопска“ е заменета со новата „Скопјебус“. Се обидовме да ја симнеме апликацијата, но, безуспешно. Иако во објаснувањето стои дека треба да работи од изминатиов понеделник.

„Вие пуштете автобуси па после фалете се со новитетите, среќа не користам ваш превоз инаку никогаш не би ви платила за ваков безобразлук каков што гледам…срам да ви е што народот го множите со нула…..А СЕГА АКО САКАТЕ ИСФИЛТРИРАЈТЕ ГО МОЈОТ КОМЕНТАР“, стои во еден од коментарите.

„Имав купено месечен билет во износ од 1400 ден. Истите не се префрлија на новата апликација па бев приморана утринава да купам нов билет. Автобуси немате ама битно нов систем за наплата имате. Срамота!“, стои во друг коментар.

„Оправете се со возниот ред. Нема возила“, пишува жителка на Скопје.

„Еве го 30ти, ни Скопје ни Бус, уште нема ни трага ни глас од апликацијата“, додава друг корисник на услугите на ЈСП.

На почеток