(Видео) Мазнева-Николиќ: Данела Арсовска беше лошо решение, но кукавички чин е да се откажете од личноста која сте ја поддржале
Од
Објавено на
Косана Мазнева-Николиќ, сменетата директорка на Комунална хигиена, во поткастот „Претрес“, рече дека Данела Арсовска беше лошо решение за градоначалник на Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ ја утна работата со изборот на Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на Скопје. Сакам да им се извинам на граѓаните што бев дел од таа приказна”, рече Мазнева-Николиќ.
Таа нагласи дека брдо пари беа потрошени за кампањата на Арсовска за градоначалник, но кукавички чин е да се откажете од личноста која сте ја подржале.