Скопје

Скопје добива шест автобуси како донација, набавка на нови не беше дозволена до советниците

Град Скопје ќе добие шест автобуси кои се донација од Организација на обединетите нации за јавни услуги. Оваа точка беше изгласана на Советот на Град Скопје со над 30 гласови. Истовремено, одлуката за набавка на еко-автобусите кои ги барала градоначалничката Данела Арсовска, не помина на совет. Гласаа само 12 советници и немаше доволно гласови. Поддршка немаше од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Работниот век на автобусите е при крај. Единствен начин за подобрување на состојбата е со набавка на нови автобуси“, рече вработен во Град Скопје кој ја бранеше точката.

Претседателот на Советот, Трајко Славески рече: „Ваква предлог одлуката е правно неисправна. Нема ни потреба од таква одлука. Доколку се цени дека во буџетот има средства за набавка на еко-автобуси, може да се проектира во буџетот за 2025 година, а тој се изгласа – никој не му забранува да се достави до советот предлог за набавка на автобуси. А не вака да се држат само тензии во јавноста“.

На почеток