(Видео) Од пријавата за мобинг против Арсовска: Ми се закануваше, ги споменуваше жената и децата
Даниел Митевски поранешен инспектор по сообраќај во Град Скопје по 14 години работи заврши на улица со одлука на градоначалничката Данела Арсовска.
Тој во Претрес со Ландов кажа дека е избркан бидејќи наводно не бил 5 дена на работа.Тој посочи дека тоа се случило кога имал слободен ден поради давање крв и потоа поради користење денови од годишен одмор.
„Со изгубени картички не можеш да влезеш, даваш изјава и се враќаш на капија. Луѓе се избркани зошто ги нема изјавите“, рече Митевски.
Пријавата за мобинг ја нема никаде евидентирано.
„Ме испитуваше, ги спомнуваше моите жена и деца. Ќе останеш без работа. Ми се закануваше градоначалничката. Мене никој не ме пратил. Не верував дека ова може да се случи. Овие стресови не може никој да ви ги надомести“, рече Митевски.
Тој не е единствен кој е вака избркан. Сите поднеле тужби за се што доживеале и со што се соочуваат.