Свет

Што значи ова за Москва? Ким Џонг-ун издаде вонредна наредба: Сакам масовно производство!

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето на „самоубиствените“ беспилотни летала и нареди масовно производство на оружјето, велејќи дека воведувањето на такви беспилотни летала ширум светот бара итно ажурирање на воената теорија, објавија во петокот јужнокорејските државни медиуми.

Ким претходно го надгледуваше тестирањето на самоубиствените беспилотни летала, поради брзиот развој на воената соработка со Русија, што отвора прашања дали добил техничка помош од Москва за нивниот развој. Познато и како летечка муниција, таквото оружје нашироко се користи во војната во Украина, како и на Блискиот Исток.

„Ким ја нагласи потребата да се изгради систем за масовно производство што е можно поскоро и да се влезе во целосни масовно производство“, објави државната новинска агенција КЦНА.

На почеток