Свет

Денеска во 11:52 часот во Нови Сад: 14 минути за 14-те загинати при падот на настрешницата во Нови Сад

Денеска во 11 часот и 52 минути во Нови Сад ќе им се оддаде почит на загинатите при падот на настрешницата. Поминаа точно 14 дена откако се урна настрешницата на новореконструираната Железничка станица и однесе 14 животи, додека тројца тешко повредени се уште се борат. Новосадската опозиција ги повика своите сограѓани да застанат точно во наведеното време, на симболични 14 минути. Сите. Во спомен на жртвите и двонеделниот срам на оваа власт. Од друга страна, активистите на групите Став и Свиќе повикуваат на блокада на раскрсницата кај зградата на Железничката станица во недела напладне.

За трагедијата во Нови Сад се уште нема приведени. Јавноста не знае кој е одговорен. Претседателот Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ секојдневно најавуваат нови оставки во Владата, но нема. Оние чии имиња се поврзуваат со терминот „политичка одговорност“ ги нема во српската јавност. Меѓу нив е и министерот Томислав Момировиќ, кој пред Горан Весиќ раководеше со Секторот за градежништво. Единственото нешто што го прави Момировиќ во последните 14 дена е откажување од присуство на настани на кои се најавуваше и се криеше од очите на јавноста.

Во исто време, на пример, советникот во Градското собрание Миша Бачулов, активистот Иван Бијелиќ, поранешниот претседател на општина Инѓа Горан Јешиќ и младиот човек што го бранеше Реља Стојановиќ беа зад решетки…

Поради сето наведено, новосадската опозиција повикува на нов протест.

На почеток