Скопје

(Видео) Граѓаните тргнаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе

Градоначалничката Данела Арсовска не излезе пред граѓаните кои протестираа пред Град Скопје и бараа превоз. Затоа, тие пробаа да влезат внатре.

Полицијата презема мерки за да го заштити влезот на Град Скопје, на што присутните изреагираа: „Вака ли ја чекавме во Шутка кога дојде. Во Шутка со кафе те чекавме“.

Тие најавија дека ќе излагаат на протести додека не добијат јавен превоз во Шутка.

На почеток