Македонија

Кешишев: Изјавата не е моја, Палчо ми даде лист да ја препишам

Пресврт на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче Жежовски.

Обвинетиот Влатко Кешишов на крајот преку својот адвокат побара збор и кажа дека изјавата од претходното рочиште дека обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не била негова.

Тој вели дека ја напишал под принуда на Палевски додека со комбе биле спроведувани заедно во затвор каде што издржуваат притвор.

Тој појасни дека тоа го направил од страв, а Палевски во комбето му дал ливче со напишана изјава и му кажал да ја препише со свој ракопис и да ја поднесе до судот.

На претходното рочиште судијата Ивица Стефановски извести дека обвинетиот Влатко Кешишов поднел писмена изјава доставена од затвор во која вели дека Љупчо Палевски-Палчо на 22 и 27 ноември лани не бил со него, со Велибор Манев и со Боре Видевски, кога биле грабнати и убиени Вања и Панче и дека спиел во штабот на партијата Десна.Ова според многумина требаше да го смени текот на судењето и да биде олеснителна околност за Палчо.

Пред денешното рочиште изјави дадоа обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска кои рекоа дека пишаната изјава на Влатко Кешишов, во која тврди дека Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на убиствата на Вања и Панче во оваа фаза од постапката нема никаква доказна вредност.

На почеток