Македонија

Скопје на петто, Македонија на седмо место по загаден воздух: нездраво е да се дише

Македонија утрово е на седмото место по нивото на загаден воздух, споредено со останатите земји во светот. Истовремено, највисоко на листите е Скопје, кој се наоѓа на петтото место по загаден воздух.

Ова го покажуваат страниците „IQair“ и „Waqi.info“ кои прибираат и сублимираат податоци од сите станици за мерење на квалитетот на воздухот. Воздухот во Скопје, според веб-сервисот, е нездрав за дишење.

Според податоците на платформата Ај Кју Еар концентрацијата на ПМ2,5 честичките е зголемена за 15,7 пати над горната граница утврдена од страна на СЗО и изнезува 78,7 микрограми на метар кубен, а ПМ10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми.

Од Град Скопје досега не испратиле ни соопштение, ни презентирале мерки што планираат да прават за да се справат со загадениот воздух. Во исто време, истите серивси често покажуваат дека жителите се гушат со загаден воздух.

На почеток