Скопје

Остануваме без нив: БРТ и еко-автобусите немаат поддршка во Советот

Согласнот за склучување договор за реализација на БРТ дадоа само 14 советници, што не беше доволно за да точката на дневен ред помине преку Советот на Град Скопје. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка за оваа точка, како и претходно, бидејќи и во текот на изборите сметаа дека тоа е погрешно.

Не помина ниту одлуката за набавка на еко-автобуси, која ја поддржаа само 19 советници. Претходно имаше дискусија во која советничка Ирена Витина и советникот Александар Трајановски бараа од останатите да ја поддржат одлуката. Советничката од СДСМ, Љубица Јанчева посочи дека треба да се обрне внимание и на други детали од функционирањето во ЈСП како што е обука на кадарот за користење на автобусите кои сеа Владата ги набавува.

На почеток