Скопје

Седум напади и тепачки во Скопје: семејно насилство, малтретирани малолетници, недоразбирања на лица

Неколку различни инциденти односно напади и тепачки, се пријави изминатото деноноќие во МВР. Сите на територијата на Скопје.

На 06.12.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје С.Н.(20) од с.Јурумлери, скопско пријавила дека околу 13.45 часот во н.Нова Колонија нејзината сосетка И.Ѓ. и се заканувала со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје 42- годишна жена пријавила дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од поранешниот партнер Ѓ.С.(37) од с.Стајковци, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Н.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(55) и С.П.(46), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.12.2024 во 20.16 часот во СВР Скопје 57-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговиот син А.П.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (07.12.2024) во 10.30 часот во СВР Скопје А.А.(44) од Скопје пријавил дека на 05.12.2024 околу 18.00 часот, на подрачјето на Центар, по претходно меѓусебно нетрпение бил физички нападнат од Б.Б.(61) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток