Свет

Авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско.

„Авион Цесна 207, кој леташе од Ла Парота, во соседната држава Мичоакан, имаше несреќа и падна во тешко пристапна област во источниот дел на Халиско“, напиша Цивилната заштита на платформата Х, објавувајќи фотографии од местото на несреќата.

https://x.com/PCJalisco/status/1870986424436330893

Несреќата се случила недалеку од Мазамитла, регионална туристичка дестинација, пишува France Presse, пренесува Index.hr.

На почеток