(Видео) Погледнете ја оваа култна фотографија од протестот во Белград: се огласи МВР на Србија
Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење беше оспорено од неколкунеделните протести предводени од студентите, објави Асошиетед прес.
Митингот на белградскиот плоштад Славија, еден од најголемите во последните години, го свикаа студентите и синдикатите на земјоделците. Ова е дел од поширокото социјално движење кое бара одговорност за уривањето на настрешница на железничката станица на северот од земјата на 1 ноември, во која загинаа 15 лица, објави АП, додавајќи дека помали протести се одржале и во Ниш и Крагуевац. Демонстрантите бараат Вучиќ и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, додаде АП.
https://x.com/miodrag_bebic/status/1870849242904035393?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7
На протестот се приклучија и популарните српски театарски и филмски актери, а актерот Бане Трифуновиќ денешниот собир го опиша како „фестивал на слободата“, пишуваат странските медиуми.
Во својот извештај за протестите, француската агенција АФП пренесува дека српската влада е под притисок повеќе од седум недели поради протестите по трагедијата во Нови Сад.
https://x.com/biljanicaaa/status/1870875384843219165?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7
Митингот во Белград, кој го организираа студенти, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија.
Демонстрантите ја окупираа Трг Славија и го блокираа речиси целиот центар на градот. Тие побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад поради несреќата, како и кривично гонење на одговорните.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека нема да попушти пред демонстрантите.
Да потсетиме на ова, врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека на протестот организиран од студентите во Славија се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.