Најладно утрово на Попова Шапка и Маврови Анови
Утрово најладно било на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што се измерени -5 степени, -4 било во Крушево, -2 во Берово, -1 во Битола и Тетово, 0 во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци, 1 во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес, 3 во Виница и Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
6 Попова Шапка, 5 Битола, 4 Демир Капија, 2 Маврови Анови, 1 Претор, Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Крушево, Пожаране.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
70 Попова Шапка, 56 Маврови Анови, 4 Тетово, 2 Гостивар.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Се задржа претежно ведро со мала и само понекаде умерена облачност. Утринава е сончево и студено. Дува слаб до умерен северен до северозападен ветер кој засилува во регионот на Штип.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.