Медиасет

Повеќе американски лидери бараат одложување на забраната на TikTok: „Милиони живеат од тоа“

Почнуваат претплатите за FB, TikTok и Instagram: Ќе платите ли за нив?

Се поголем број американски официјални лица веруваат дека на кинескиот сопственик на TikTok треба да му се даде повеќе време да ја продаде апликацијата и да ја спречи нејзината забрана пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Доаѓачкиот советник за национална безбедност на Трамп рече дека новата републиканска администрација ќе ја одржи жива апликацијата за социјални медиуми што ја користат 170 милиони Американци доколку биде постигнат остварлив договор, а лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер го повика претседателот Џо Бајден да одобри одложување од 90 дена за да се спречи TikTok да биде забранет уште во недела.

„Ќе преземеме мерки за да го спречиме TikTok да згасне“, изјави американскиот претставник Мајк Волц за Fox News, посочувајќи на одредба во законот што дозволува продолжување од 90 дена доколку има „значителен напредок“ кон продажба.

„Во основа му купува време на претседателот Трамп за да продолжи TikTok да работи“, рече Валц, кого Трамп го избра да биде негов советник за национална безбедност.

„Ја разгледуваме можноста дека можеме рационално да се обидеме да го решиме овој проблем“, рече во четвртокот демократскиот сенатор Ед Марки.

„Јасно е дека е потребно повеќе време за да се најде американски купувач и да не се нарушат животите и егзистенцијата на милиони Американци, толку многу инфлуенсери кои изградија добра мрежа на следбеници“, рече Шумер.

Во април, Конгресот му нареди на ByteDance да го продаде TikTok во рок од 270 дена, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност. Министерството за правда овој месец соопшти дека „збирката на чувствителни податоци на TikTok за 170 милиони Американци и нивните контакти претставува моќна алатка за шпионажа“ за Кина.

Официјален претставник на Белата куќа вчера изјави дека со крајниот рок на 19 јануари „за време на празничниот викенд еден ден пред инаугурацијата, останува на следната администрација да го спроведе“. Белата куќа претходно соопшти дека Бајден не планира да издаде продолжување.

Завчера, Ројтерс објави дека TikTok планира да го запре работењето на својата апликација во САД во недела, кога треба да стапи на сила федералната забрана.

На почеток