Свет

Премиерот на Гренланд: Сакаме блиски односи со Америка и Данска, но до одредена граница

Премиерот на Гренланд Муте Егеде изјави дека островот сака блиски односи со САД и Данска, но до одредена граница.

Гренланѓаните не сакаат да бидат Данци. Гренланѓаните не сакаат да бидат Американци“, рече Егеде во интервју за Фокс њуз.

Неговите забелешки може да го фрустрираат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно покажа интерес да ја преземе контролата врз стратешки лоцираниот и богат со ресурси остров.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, го поддржа тврдењето на Егед дека „Гренланд не е на продажба“ и ја повтори таа порака до Трамп за време на телефонскиот разговор пред два дена во средата.

Во интервјуто со Брет Баер, Егеде го поздрави силното партнерство со ЕУ и САД и изрази отвореност за зголемени европски и американски инвестиции во рударскиот сектор на островот. Слични ставови изрази и министерката за природни ресурси на Гренланд, Наја Х. Натаниелсен, во авторски текст за Вашингтон пост.

Егеде рече дека Гренландците би избрале независност доколку имаат можност да гласаат на референдум, нагласувајќи дека одлуката им припаѓа исклучиво на народот на Гренланд.

„Гренландскиот народ ќе одлучи за иднината на Гренланд“, изјави тој.

Доколку оваа данска територија постигне независност, Егеде посочи дека Гренланд би сакал да остане дел од НАТО како членка на алијансата и да одржува силно безбедносно и одбранбено партнерство со САД и ЕУ.

„Важно е да се разбере дека ако Гренланд тргне по тој пат, таа секогаш ќе биде дел од западната алијанса и силен партнер на САД“, рече тој. „Затоа што вашата безбедност е наша безбедност.

На почеток