СДСМ: Пациентите на онкологија немаат терапија, а Владата троши на авиони и мебел
Онколошките пациенти во Македонија седум дена се без биолошката терапија што им е неопходна за спас на животот. Според опозициската СДСМ оваа состојба е вистинска хуманитарна катастрофа и директен резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта.
,,Наместо решенија за пациентите, за граѓаните ја слушаме власта со изговори“, истакнуваат од СДСМ. Тие укажуваат на серија оправдувања кои доаѓаат од надлежните институции.
системот.
СДСМ го посочи прстот кон директорот на Фондот за здравствено осигурување, кој велат, ја оставил Клиниката за онкологија неподготвена за набавка на лекови.
,,Клековски се правда дека една од причините за недостигот на биолошките лекови е укинувањето на дозволата на директорите да ги набавуваат овие лекови на реверс. Но, ако цела 2024 година не се земале лекови на реверс, што се чекало до сега?Ваквите изговори се недозволиви во услови кога е во прашање човечки живот. Дали власта знае дека животот на пациентите со метастатски канцер е загрозен и зависи токму од оваа терапија?“, прашуваат од партијата.
СДСМ директно ги обвинува и премиерот Мицкоски и министерот Таравари за неспособност да управуваат со здравствениот систем.
„Лекови од донации, а владата авион сака да купува и илјадници евра за шетање по странство да троши, пари на граѓаните.Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој функционира превентивно, одговорно и во интерес на нивното здравје. Никој и ниту една влада нема право да го ризикува здравјето на граѓаните”, велат од СДСМ.