Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изминативе денови е присутен во јавноста со неговиот електричен тротинет. Тој повторно објави фотографии како тој со тротинет оди и се враќа од работа.
„За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома …
И да, денеска, преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака.
Сакајте го Скопје …“, стои во објавата на Фејсбук.
За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома…
Posted by Петре Шилегов on Monday, March 18, 2019
Откако Петре Шилегов го објави статусот, на твитер се појавија многу шеги на негова сметка. Се реагираше и на Фејсбук. “Не знам што се замислува типов, ама е мизерен”, “Петре ти си никој и ништо за да има хејтери, океј маче?”, се дел од коментарите.
Деновиве се појавија фотомонтажи по социјалните мрежи, како фотографијата каде Шилегов излегува од Клиниката за токсикологија со тротинет.