Свет

Од утре секојдневни блокади низ патиштата во Црна Гора

Неформалната Црногорска студентска група „Камо Сјутра?“ најавија дека од утре, 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по еден пат во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат локалните медиуми, пренесува Anadolu.

Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ бидејќи, според нив, ништо не е направено за да се спречи повторување на злосторствата слични на она што се случи во Цетиње на 1 јануари оваа година.

„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17 часот и 26 минути. Точната локација ќе ја објавиме во 16 часот и 26 минути на нашите мрежи. Сите на улиците! Сите за нашето безбедно утре!“ изјави групата на Х.

На почеток