Македонија

Возилото „Реното кангу“ излегува од партијата „Десна“ и се враќа таму по убивањето на Вања

Возилото „Рену кангу“ тргнува од партијата „Десна“ денот кога Вања е грабната, па се враќа таму, откако е убиена. До 9 часот и 30 минути Вања веќе била убиена и „цитроенот“ запален. Ова го покажаа видео снимките кои ги презентираше Обвинителството, а собрани од „Сејф сити“ и приватни објекти. Од снимките досега се виде дека „цитроенот“ бил сам пред зградата на Вања од каде е грабната, а „Рено кангото“ се придружува накде кај Визбегово. Возат едно позади друго, односно прво „Реното“, па после десетина секунди проаѓа и „Цитроенот“. Се враќа само „Реното“, бидејќи „Цитроенот“ е запален. Според истрагата на Обвинителството, „Рено кангуто“ го возел Љупчо Палевски-Палчо, а „цитроенот“ го возел Велибор Манев.

„Од Бит пазар, продолжува кон Мавровка каде е забележано во 9:56 минути. ‘Реното кангу’ доаѓа од булевар Крсте Петков Мисирков за лентата за право, и продолжува по булеварот кон Веро Џамбо. Движењето на ‘Реното кангу’ пред МАНУ, во 9 часот и 58 минути по крајната лева лента се забележува регистарската ознака и џемперот кој го носи лицето на совозачкото место“, објаснуваше обвинителката која ја презентираше снимката.

На ова челновите на партијата „Десна“ кои го следат судењето како јавност довикуваа: „Каде е тој џемпер?“.

„Продолжува кон раскрсницата кај Веро Џамбо во 9:59 минути и врти лево и тука се забележува истите лица на возачко и совозачко место како и регистарските таблички. Во 10 часот ‘Реното кангу’ поминува пред Веро Џамбо и се исклучува и свртува во десно од булеварот ‘Кузман Јосифовски Питу’ кон седиштето на партијата ‘Десна’, од каде што возилото ‘Рено кангу’ истиот ден го започна движењето презентирано од видеата. По извршувањето на кривичните дела повторно се враќа на истото место од каде што тргна“, презентираше обвинитечката.

Презентирана беше и снимка од движењето на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска.

„’Мицубиши’ кој е сопственост на обвинетиот Александар Ѓорчевски, а движењето се однесува за ден 27.11.2023 година каде што во 9 часот и 14 минути се забележува кај мостот кај Александар Палас, во кое што може да се забележи регистарската ознака и се движи во правец на Момин поток. Истото возило се гледа и во 14 часот и 28 минути поминува на раскрсницата од Сарај кон Ѓорче Петров, на влез во Скопје“, презентираше обвинителката.

Следува презентација на снимки за грабнувањето на Панче Жежовски и неговото убиство.

Снимки на Обвинителство: „Реното“ му го покажува патот на „цитроенот“ во Визбегово, возат до местото каде Вања е убиена, па го палат едното возило

На почеток