Македонија

Директорката на болницата „Козле“ им се закани на медиумите со тужби, ако и го споменат името

Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки. Нејасно е зошто на документот има архивски печат од Клиниката, со оглед дека станува збор за приватна изјава, која нема поврзаност со нејзината работа во клиниката. Дополнително употребен е и печат од установата, што го отвора прашањето – дали ова претставува злоупотреба?

На ова реагираа од Здружението на новинари во Македонија.

„Вршителката на должност директорка на болницата „Козле“ со барање до медиумите да не ѝ го споменуваат името, презимето и професионалниот ангажман. Во спротивно, најавува постапка и преземање на законски мерки. Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите. Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите. Ги потсетуваме сите носители на јавни функции дека, доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант. Исто така, на располагање им се и телата за саморегулација на медиумите, кои ја оценуваат етичноста и професионалноста на медиумските содржини. Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес“, велат од ЗНМ.

Веќе подолг временски период, директорката е актуелна во медиумите како раководно лице на болницата од кое вработените имаат поплаки.

На почеток