(Видео) Нема предмет за јавувањето на Заев кај Вилма со барање за „27 април“ да ги гони за друго дело


Јавното обвинителство нема оформено предмет за Вилма Русковска и нејзиното сведоштво дека експремиерот Зоран Заев и се јавил за да изврши преквалификација на делото за „27 април“. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски за „Алфа“ изјави дека не се сеќава да завеле ваков предмет.
„Колку што се сеќавам, не. Затоа што, доколку го кажала требало да дојде и да го пријави во ЈО. Такви сознанија немам дека е заведен предмет на таа околност“, рече Коцевски.
Од изјавата на Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“, поминаа три месеци. Таа кажа дека Заев и се јавил во моментите кога се одвивале уставните измени односно промената на името. И тој побарал од неа, да изврши преквалификација. Иако мешањето на извршната во судската власт претставува притисок, таа посочи дека не го почствувала така.
Коцевски, пак, во неколку наврати се пофали во јавноста дека се отворале предмети по негова иницијатива. Но, ова не било случај кога во прашање е Русковска и Заев.
