Македонија

Мицкоски му сплете „свилен гајтан“: Љупчо Коцевски на пат да биде државен обвинител со најкраток мандат

Љупчо Коцевски од функцијата државен јавен обвинител, најверојатно ќе се збогува за нецела година откако е избран, наместо за шест години колку што му трае мандатот. Иако секогаш во одбрани медиуми, милуваше да каже: „Јас како државен обвинител“, или: „Откако јас сум државен обвинител“, па да се пофали дека многу работи, од транспарентност до ефикасност, сепак изгледа ќе биде државен обвинител кој бил најкратко ја извршвувал највисоката фиункција во хиерархијата на Обвинителството.

Иако со некои потези се обиде да и угоди на Владата, таа сепак одлучи да отпочне активности за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Постапката за предвремено разрешување е регулиран со Законот за јавно обвинителство од 2020 година и како што стои во одредбите треба да спречи политизација во изборот и разрешување на првиот обвинител. Законот предвидел: Владата на Република Македонија, по претходно прибавено мислење од Советот на јавните обвинители на Република Македонија, до Собранието на Република Македонија да поднесе предлог за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија.

Јавниот обвинител на Република Македонија се разрешува од функцијата јавен обвинител пред истекот на мандатотво следните случаи:

– поради тешка дисциплинска повреда од членот 91 алинеи од 1 до 6 од овој закон ако повредата е сторена со намера или очигледна небрежност по вина на Јавниот обвинител на Република Македонија, без оправдани причини и ако повредата предизвикала тешки последици или ако е член во политичка партија.

Иницијатива за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија може да поднесе Советот на јавни обвинители на Република Македонија, во која ќе ги наведе причините, околностите и фактите од кои се раководел за поднесување на иницијативата.

Владата на Република Македонија предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија го доставува до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, кој е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот, до Владата на Република Северна Македонија да достави образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма.

На седницата на Советот на јавни обвинители на Република Македонија на која се расправа по предлогот на Владата на Република Северна Македонија за разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не учествува Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Јавниот обвинител на Република Македонија има право писмено да се произнесе по предлогот за разрешување.

Владата со предлогот за разрешување задолжително го доставува до Собранието на Република Македонија и мислењето.

Ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители на Република Македонија не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата.

Јавниот обвинител има право да присуствува на седницата на Собранието и да се произнесе по предлог на Владата за негово разрешување.

Како тешки дисциплински повреди кои се основ за предвремено разрешување се сметаат намерно или неоправдано правење на крупни професионални грешки, било каква судска пресуда и затворска казна помала од 6 месеци, потоа за дело сторено како обвинител, неизземање во случаи кога требало да се изземе од постапување, издавање на класифицирани информации од истрага и од судења, недолично донесување и кршење на јавен ред и мир, неподнесување изјава за имотна состојба.

Владата по само еден ден од самопофалбите на Коцевски во интервју за „Алфа“, соопшти дека аргументите за отпочнување на постапката за разрешување на Коцевски се последниот извештај за Индекс на перцепција за корупцијата за 2024-тата година и назначувањето на вршител на должност на раководител на скопското Вишо Јавно обвинителство, чии раководител и заменик раководител се суспендирани поради истраги и постапки за законско прекршување, кои според Владата се незаконски.

На почеток